Неутралната зона отворена, фановите се собираат на плоштадот „Македонија“

07.08.2017 | 13:39
Прочитано: 3528

На плоштадот „Македонија“ и официјално е отворена „неутралната фан зона“ подготвена од Град Скопје во пресрет на УЕФА Супер Купот, а има цел да ги истакне емоциите кои следат пред големиот натпревар помеѓу најтрофејните европски клубови, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Во самата зона во соработка со УЕФА и ФФМ веќе се поставени и трите трофеи на УЕФА, трофејот на Лигата на Шампионите, трофејот на Лига Европа и Супер Купот. Секој посетител ја има можноста да се фотографира со нив и со позадини од двата тима, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Подготвено е и грасрут игралиште на кое млади момчиња и девојчиња од цела Македонија ќе се натпреваруваат за интересни награди. Покрај бројните активности организирани од страна на Град Скопје се активираа и четири од осумте партнери на УЕФА, Пепси, Хајнекен, Мастеркард и Нисан, ангажман кој досега се нема случено на друг Супер Куп во голем број на градови низ Европа. Тие ќе се погрижат за дополнителните активности и за освежувањето на посетителите.

Во „неутралната фан зона“ се организирани неколку активности кои имаат за цел да го доловат духот на Супер Купот. Може да се игра еден на еден фудбал, има посебна локација за шутирање пенали и може да се игра фудбалски тенис. Поставена е и бина каде експерти од Франција во freestyle фудбал ги покажуваат и ќе ги одмерат своите способности со посетителите. За дополнителна анимација на секој обожавател на фудбалот ќе биде ангажирана и маскотата на Скопје Супер Куп.

На голема бина поставена на плоштадот „Македонија“ денеска ќе настапат Симона Попоска, диџеите Матс, Контру и Бранчез, а за утре се најавени настапите на Сара Мејс, диџеј Дела, Брас Брадрс и диџеј Боби.

Трофеите на УЕФА ќе бидат во зоната до утре до 16.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.