Невладините промовираа предлози за итни демократски реформи

08.07.2016 | 19:06
Прочитано: 1560
Група граѓански здруженија и независни експерти, денеска го промовираа својот предлог за итни демократски реформи.
 
Документот од 60-ина страници ги сорджи предлозите за реформи во областа на граѓанското општество, јавна администрација, финансии, медиуми, правосудството, изборниот систем и социјална заштита
 
Итниот реформски приоритет во правосудниот систем, според судијката Маргарита Цаца Николовска, е формирање на специјално судско одделение.
 
Предлозите за реформи во медиумите опфаќаат укинување на владините реклами и издвојување на посебен буџет за Македонската радиотелевизија.
 
Овие предлози ќе бидат доставени до сите учесници во преговарачкиот процес за надминување на кризата, а граѓанските здруженија, уште еднаш ја нагласија нужноста за нивно учество на преговарачката маса.

Христијан Баневски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.