Никола Маџиров, прв гостин во Крокодиловата куќа

10.01.2018 | 14:18
Прочитано: 1435

Македонскиот писател Никола Маџиров, е прв гостин годинава во крокодиловата „Куќа за писатели“ во Белград.

Тој е 62. автор гостин во таа „Куќа на писатели“. На 17 јануари ќе настапи како специјален гостин на книжевната вечер на писателската Ане Ристовиќ и во рамки на Крокодиловата книжевна вечер, а на 24 јануари во културната установа „Пароброд“ на која ќе зборува за поезија, за сопственото творештво и за наградите.

Маџиров е роден во 1973 година во Струмица каде живее и денес. Тој е лиричар и есеист, преведувач и уредник. Координатор е на меѓународната мрежа за лирика „Lyrikline“ и во тоа својство е надлежен за Македонија, а бил и уредник во списанието за книжевност „Блесок“.  Неговите песни се преведени на 30 јазици.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.