Нишани: Земјата е во состојба на високи политички тензии

20.03.2017 | 09:34
Прочитано: 3605

Албанскиот претседател Бујар Нишани во обраќањето до нацијата оцени дека земјата се наоѓа во состојба на високи политички тензии и додаде дека секоја тензија е штетна за одржување на избори и спроведување на реформите.

Поради тоа тој упати апел до политичките партии да најдат заеднички јазик и да ги надминат меѓусебните проблеми.

Нишани посочи дека денот на изборите не е „во рацете на претседателот“ и оти нивното одложување може да се случи единствено со меѓусебна согласност на политичките страни.

Во контекст на приближувањето на денот на изборите,18 јуни, Нишани ја нагласи одговорноста на министерството за внатрешни работи за „гарантирање на инфраструктурата за локалната власт“. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.