Ниски откупни цени

19.04.2017 | 18:41
Прочитано: 2237
Седум фирми од струмичко се соочуваат со губење на лиценцата за откуп на зеленчук и овошје бидејки не го почитувале законот за неделни откупни цени. 
 
Првиот човек на земјоделскиот инспекторат, Цветан Трипуновски, до ресорното министерство за земјоделство ќе предложи одземање на лиценцата на откупувачите бидејки ги манипулирале земјоделците со откупните цени  ниту пак имале склучено договори за откуп со нив. Ова ситуација е констатирана при откупот на пролетната зелка.
 
Инспекторите денеска му реферираа на првиот човек Трипуновски за аномалиите што се појавија на стартот од откупот на пролетната зелка во струмичко. 
 
Земјоделците деновиве реагираа до инспекциските служби бидејки во рок од неполни две недели откупната цена на пролетанта зелка од 40 падна на само 12 денари. Досега од струмичко се извезени околу 12 илјади тони пролетна зелка пред се за источно европските пазари. 

Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.