Нов кредит за враќање на државниот долг

20.03.2017 | 18:02
Прочитано: 2638

Владата утре планира да се задолжи кај домашните кредитори со 88,7 милиони евра. Исто толку веќе следниот ден министерството за финансии треба да врати во стопанството по основ на доспеани долгови. 

Според податоците од министерството, вкупната сума на доспеани долгови што треба да се врати до крајот на месецов изнесува 168,8 милиони евра. Инаку заклучно со минатата година вкупниот јавен долг изнесува 4,7 милијарди евра или 50,1 отсто од бруто-домашниот производ.  

  


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.