Нов увоз на струја на ЕЛЕМ

11.01.2017 | 20:32
Прочитано: 916

Не сопира увозот на струја. ЕЛЕМ објави тендер за набавка на вкупно 27 360 мегават часа струја од увоз. Количините се за покривање на потребите за викендов и следната цела недала за период од 22 часот па се до 6 часот изутрина.. По која цена ќе се набави количината што недостига поради испадор на блок 3 ќе се знае утре, откако ќе помине аукцијата.

„АД ЕЛЕМ повторува дека набавката на електрична енергија што се врши во овој период нема да влијае врз цената на електричната енергија за домаќинствата и за малото стопанство кои се на регулираниот пазар за електрична енергија.“ - велат од ЕЛЕМ.

На последната аукција, највисоката цена што ЕЛЕМ ја плати за еден мега ват час достигна до фантастични 219 евра.

Од ЕЛЕМ испратија листа од кого се набавиле струја за последниот тендер. Цените се движат меѓу 140 и 219 евра мегават час.

 

1 Mwh

219 евра ГЕНИ

178 евра ИНТЕРЕНЕРГО

147 евра ЕДС

140 евра Комодите

Пресметките покажуваат дека за набавена количина од вкупно 1 920 мегават часа за денес и утре ЕЛЕМ на ГЕНИ и ипслатила над 421 илјади евра, од вкупната сума 1 ,2 милиони евра колку што тежеше цела набавка.

За дел од трговците е нејасно како се набавувало по цени повисоки од оние на берзата кога цената достигна 150 евра за мега ват час.

Ние понудивме цена од 1408 евра во услови кога берза беше 150 евра. Гледавме да помогнеме во ситуацијата имаше и понуда од 219 евра и да се прашаме кој тоа продава струја по таа цена“ - вели проф.Кочо Анѓушев, ЕДС.

Недостатокот на струја настана од кога блок три, кој беше подложен на ремонт од 2011 излезе од системот. По неуспешниот прв обид, по кој повторно пукнала цевка, Блок три се очекува да биде вклучен за два дена.



Марина Узунов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.