Нови „домашни задачи“ не очекуваат од Брисел, прогнозираат невладините

26.10.2016 | 20:39
Прочитано: 2738
Сите недостатоци и пречки во функционирањето на Специјалното јавно обвинителство ќе се најдат како услови или барања во следниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во евроинтеграциите, вклучувајки го и предлогот за формирање на специјално судско одделение, прогнозираат од Македонскиот центар за европско образование. 
 
Нашиот закон допушта да се формираат специјални одделенија во рамките на судот, појаснува маричиќ 
 
Од Институтот за европски политики посочуваат дека еден од клучните фактори за идните постапки на надлежните институции е кој ќе победи на претстојните избори, додека обезбедувањето на непречена работа на Специјалното јавно обвинителство би било домашна задача за македонските власти. 
 
Инаку дипломатски извори, посочувајки кон важноста на реформите по изборите, предупредуваат дека во отсуство на конкретни активности во разумни рокови, се загрозува европската перспектива на Македонија и се создава ризик од повторување на кризата и можно губење на препораката за преговори.

Aлександар Пешев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.