Нови директорски смени во Клинички

16.07.2017 | 19:26
Прочитано: 51080

Директорката на Детската клиника – Аспазија Софијанова најверојатно ќе биде следната на листата на директори кои ќе бидат разрешени. Директорската фотеља ќе ја напушти и директорката на Клиниката за гинекологија – Марија Хаџилега, брифираат извори за ТВ 24 од Министерството за здравство. Кој ќе директорува на нивно место засега не се знае. 

Министерот пак, не открива кои директори ќе бидат сменети, но потврдува дека од понеделник ќе има нови кадровски решенија на скопските клиники.

„За другите Клиники очекуваме, наскоро ќе направиме кога ќе именуаме нови директори, со тоа оди и ревизијата. Именувањата ќе продолжат оваа недела, ќе биде постепено, полека, не брзаме, следните две до три недели се надевам дека 70 – 80 отсто од Клиниките ќе имаат нови директори“, вели Арбен Таравари – Министер за здравство.

Кадровските смени започнаа од Клиниката за онкологија, каде Милан Ристески беше првиот разрешен директор од страна на Министерот. 

Пред две недели нови директори добија и Клиниките за нефрологија, токсикологија, клиниката за очни болести како и клиниката за кардиологија. 

Според најавите на Министерот за здравство укинати треба да бидат и еконосмките директори во Клиниките, но за тоа потребни се измени во законот, а дали и кога ќе се остварат засега информации нема. 

Според првобитната идеја на Таравари парите што се одвојувале досега за платите на економските директори треба да се искористат за да се наградат најдобрите лекари на секоја клиника. 

Кадровските смени се очекуваат да финишираат до крајот на месецов, откако се испеглаа и коалициските несогласувања за тоа кој колку раководни места треба да добие на скопските клиники. 

 


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.