Нови избори или нова Влада?

11.01.2017 | 20:42
Прочитано: 10461
Али Ахмети пред и официјалното седнување на маса со Никола Груевски за старт на преговорите го свикува централното претседателство.
 
Лидерот на ДУИ од најблиските сопартијци очекува уште еднаш конкретна анализа конкретни насоки во однос на преговорите со мандатарот. Висок партиски функционер вели за 24 вести дека лидерот на ДУИ уште еднаш ќе се соочи со отпорот на дел од Централното претседателство околу повторно коалицирање со Никола Груевски како и локалните избори што му дишат во врат, но и аргументите на оние што мислат дека треба да се продложи таму каде што застана двоецот на Илинденска. Истиот функционер, сепак потенцира дека последната одлука ќе падне врз грбот на Али Ахмети, бидејќи тој е лидерот.
Дека во ДУИ сите опции се на маса вчера и во интервју за ТВ 21 порача Ахмети. Тој не исклучи ниту нови избори.
 
„Да, наспроти ВМРО-ДПМНЕ и други субјекти. Дали ќе влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, дали со СДСМ, дали ќе излезе со понуда за техничка влада, т.н. Проширена каква што имавме до 11 декември или пак можеби ДУИ ќе донесе одлука да биде во опозиција. Значи сите опции се отворени“ - изјави Ахмети.
 
Сепак впечатокот е дека Ахмети се обиде да ги релативизира пораките кои на негова сметка ги испорача Груевски и го пофали за државнички капацитет. Со конкретна порака и Заев -СДМС не е победничка партија.
 
„Коалицираме со Заев. Кажав и порано дека нема целосно македонски гласачи, но не е победничка на изборите“ - изјави Ахмети.
 
Со своите сопартијци денеска се координира и Никола Груевски. Неофицјално по вчерапната средба со коалициските партнери, Груевски во очекување на состанокот со Ахмети, на средба со Извршниуот комитет на неговата партија. Според партиски извори се очекува да се договори дека ВМРО-ДПМНЕ ќе инсиистира на принцип победник со победник да прави влада, но и дека нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да биде уценувана од Ахмети во однос на платфорамата.
 

Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.