Нови изманипулирани „жртви“ на скопскиот гинеколог

20.04.2017 | 18:54
Прочитано: 22433
Пациентки со слично негативно искуство ќе се јават како сведоци за случајот на жената која девет месеци била манипулирана дека е трудна - велат од канцеларијата на адвокатот на семејството. Во телефонски разговор за ТВ 24 брифираат дека:
 
„Изјавите кои неколку жени ги дадоа и во јавноста, но и во адвокатската канцеларија индицираат дека  во приватна клиника која веќе не постои со истиот доктор имало  и други такви слуичаи, но не траеле долго бидејќи пациентките порано се откажале од третманот кај гинекологот. Се собираат доказите а дел од тие жени ќе се јават и како сведоци, но и оштетени кога ќе се отвори судскиот процес.“ - велат во објаснувањето од канцеларијата на адвокатот на семејството.
 
За случаи кои можат да дадат и нова димензија и разврска а поврзани со истиот лекар вчера во 24 анализа говореше и новинарката Менче Точи која работи на овие проблематики. Точи, повикувајќи се на свои извори, веќе изнесе во јавноста информации за друг случај со овој доктор.
 
„Има наплив од жени којшто постојано се јавуваат, не сум станата од компјутер и телефон од што се јавуваат толку многу жени и раскажуваат слични приказни. Ќе се обидам да ја цитирам жената која ја објавив во денешниот текст, смета дека на нејзе и е направено лажно оплодување, лежела еден и пол час во сала додека сопругот чекал во болничката соба и набрзина му побарал пари, веднаш да плати и му земал 40 илјади денари. Петходно и рекол да оди на контрола во градот од каде што доаѓа“ -  изјави Менче Точи.
 
ТВ 24 и денеска се обиде да стапи во контакт со скопската Гинекологија дали се запознаени со вакви случаи но не добивме одговор. 
 
Од лекарската комора, пак, и вчера информираа дека добиле претставка за случајот и се работи на формирање на тим за стручен надзор. Докторот, пак, во вчерашниот разговор за ТВ 24 рече дека не се чувствува виновен, бидејќи не загрозил ничиј човечки живот.
 
Ј.О. пак веќе информираше дека работи на случајот, по поднесена кривична пријава од страна на оштетената и нејзиниот сопруг против едно лице за сторени кривични дела Фалсификување на исправа, Измама и Тешки дела против здравјето на луѓето.
 
Од Министерството за здравство веќе се огласија дека за ваквите случаи надлежни се судските инстанци. 

Гаврил Сирачевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.