Нови пожари во Албанија и Грција

07.08.2017 | 12:00
Прочитано: 1308

Нови пожари избувнаа во последново деноноќие во повеќе делови на Албанија, како и на грчкиот остров Тасос.

Само во последниве 24 часа во Албанија се регистрирани седум нови шумски пожари, во кои се уништени десеттици хектари борова и ниско стеблеста шума.

Грчките власти пак предупредија на висок ризик од пожари во земјата во текот на целава недела, кога температурите се очекува да надминат 40 степени Целзиусови.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.