Новинарите очекуваат спроведување на длабоки реформи за медиумите

24.08.2017 | 15:07
Прочитано: 1826

Стоп за политичката пропаганда – слобода и независност на медиумите. На иста маса креаторите на политиките заедно со престваници на медиумите, на независниот новинарски сидикат и ЗНМ, ги дефинираа и проблемите и приоритетите за решенија. Реформите се ставени на хартија, но за спроведување потребна е силна политичка волја. Владата е подготвена да ги спревде – медиумите очекуваат резултати.

„Оваа влада мора да ги постави стандардите нао твореност, отчетност итранспарентност, ако сега не ги поставиме никогаш нема да се постават. Тоа ќе биде обврска за секоја наредна влада“ - вели Роберт Поповски.

Проритет се департизацијата на јавниот сервис МТВ како и законот за аудио и аудиовизуелни услуги. Министерот за информатичко општество најави спредевудвање на квалитативни реформи.

„Ни треба ваква дебата и да разговараме конкретно за проблемите за кои не тиштат“ - изјави Манчевски.

Медиумите, заедно со партизацијата и зависноста од политички центри на моќ беа и дел од проритетите нотирани во Пржинскиот договор, како услов за демократизација. Сега тие се и дел новиот акциски план за реформи – кој валдата си го постави како домашна задача за отстранување на условеноста на препораката за преговори за членство на Макеоднија во ЕУ.

 

This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.


Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.