Ново издание на „Спајдермен“

10.07.2017 | 12:44
Прочитано: 1893
Новиот „Спајдермен“ ги надмина очекувањата, картите распродадени до последното столче во кино салите. Британскиот глумец Том Холанд и новиот филм за човекот пајак, „Спајдермен: Враќање дома“ ги надминаа сите очекува околу заработката.  За само два дена во текот на викендот на своето конто собраа 117 милиони долари. 
 
„Ова е победничко враќање на Спајдермен.“ - нагласи неименуван претставник на продуцентската куќа „Сони“. 
 
Последниот филм, чијашто премиера се случи  на 7. јули, беше своевиден тест за американските продуценти, бидејќи публиката се повеќе покажува „замор" од продолженијата на истите веќе познати приказни, велат од продуцентската куќа.
 
Петте филма за човекот пајак издадени помеѓу 2002 и 2014 година, заработија околу четири милијарди долари. Тоа го чини овој стрип јунак најпрофитабилен во стрип историјата, веднаш по Бетмен.

Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.