Ново маратонско продолжение на седницата во Парламентот

20.04.2017 | 19:08
Прочитано: 2069
И денешното 15-то продолжение  на конститутивната седница како пресликана од претходните. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и овој пат со реплики и контрареплики самите меѓу себе, се редеа на говорницата еден по друг.
 
И повторно во фокусот на дискусиите беше платформата на Албанците. Единствено Сурија Рашиди им се обрати на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ги праша, според нив кои стратешки интереси се загрозени со платфромата. 
 
„Не гледам кој стратешки интерес на македонците бил загрозен. Од друга страна, 25 години по ред не сум видел ниту еден момент или прилика во која вие, почитувани пратеници и патриоти, сте направиле еден најмал обид или протест за заштита на овие стратешки вредности“, изјави Сурија Рушиди.
 
„Колега Рушиди, ако бевте принципиелни и ако навистина сакавте да бидете конструктивен во целава оваа ситуација, впрочем во Тиранската платформа ќе требаше да воведете уште еден пасус, на пример да се заинтересирате за македонските малцинства кои живеат во другите држави, конкретно во Република Албанија каде таму ја потпишавте платформата без да водите сметка за чувстата на македонските граѓани во Македонија“, изјави Лилјана Затуроска.
 
И на денешното седница СДСМ повторно реши да не влеегува во расправа со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, иако на неколкупати беа прозивани, па во еден момент почнаа и самите меѓу себе да се расправаат и остро да си префрлаат.
 
Трајко Вељаноски жестоко му возврати на Илија Димовски на критиките зошто претходно му го исклучил микрофонот на пратеникот од нивните редови, Никола Мицевски.
 
„Ако не ви се допаѓа како ја водам седницата, дојдете седнете вие на моето столче“, му рече Вељаноски.

Светлана Унковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.