Oбјавен оглас за нов јавен обвинител

14.09.2017 | 12:03
Прочитано: 591

Собранието денеска го објави огласот за нов јавен обвинител откако огласувањето беше изгласано од пратениците пред една недела. Со објавувањето, од денеска тече и рокот од 15 дена за поднесување на кандидатури до советот за јавни обвинители.

Досега, своите кандидатури ги најавија пет кандидати, адвокатите Звонко Давидовиќ, Александар Наков, Александар Тортевски, Сејфула Османи и нотарката Лорија Ваневска. Рокот за пријавување трае 15 дена. По истекот, владата треба да испрати барање до советот на јавни обвинители да даде мислење за кандидатите во рок од 15 дена. Овој рок, по барање на советот, од оправдани причини може да биде продолжен за уште 15.

Кога советот ќе достави мислење до владата, владата ќе треба да избере еден од оние кандидати за кои има позитивно мислење и да го предложи во Собранието, каде се потребни 61 глас. Ако советот не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати или владата не може да избере, по предлог до Собранието ќе се распише нов оглас.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.