Обраќање на премиерот Никола Груевски

24.12.2012 | 20:02
Прочитано: 126249

Македонија денес имаше тежок, но и важен ден. Денес бевме сведоци на првиот неуспешен насилен обид за рушење на демократските институции и легитимно избраната власт на слободни и фер избори пред само година и половина.

Приказната за Буџетот беше само параван на Бранко Црвенковски кој ја започна неговата последна лична битка за преживување во политиката, истакна  премиерот Никола Груевски во вечерашното обраќање до нацијата.

Тој рече дека пратеничката група на СДСМ откако во претходните неколку дена најмалку десет пати го прекршила Деловникот на Парламентот денеска физички и со употреба на сила се обидела да го делегитимира Парламентот и откако во тоа не успеала направила обид за влез во Собранието со употреба на насилство.

- Сепак спротивставени на агресијата на овој транзиционен манипулант не само што беа подготвени да застанат илјадници граѓани, застанаа и професионално се однесуваа државните безбедносни сили кои коректно, професионално, одговорно и успешно ја завршија својата работа и овозможија Парламентот да продолжи со работа согласно Уставот и законите, рече Груевски. 

Тој изрази жалење поради, како што рече, непријатноста со новинарите кои беа во салата на Парламентот.

- Денеска Бранко Црвенковски сакаше со околу свои три илјади приврзаници на сила да освои власт. На Бранко Црвенковски денеска му се спротивстави народот поделени во две групи имаше најмалку трипати повеќе граѓани кои излегоа да му се спротивстават. На Бранко му се случи народ !!!, истакна Груевски.

Најави дека ќе продолжи да работи на она за кое дал збор пред народот и оти економските политики ќе останат насочени кон создавање услови за отворање на нови работни места.

- Јас не сум човек кој лесно дава збор, но кога ќе го дадам стојам зад него и се борам до последниот атом да го исполнам. Со оглед дека Бранко Црвенковски најави продолжување со неговото погубно сценарио, сакам да потенцирам дека сме подготвени за сите можно сценарија со цел заштита на интересите на граѓаните и заштита на уставот и законите.

Сум издражл многу, сум поминал се и сешто во мојот живот. Впрочем се сеќавате, Панорама не беше така далеку, а исто така и притисоците за промена на името не се случуваа одамна. Но и во двата случаја опстпјав заради една работа: Народот беше со мене, потенцира Груевски во вечерашното обраќање до нацијата. 


Коментари (46)

Анонимен

Golema sramota ste za Makedonija gospodine premier! Deneska pokazavte kakva vlast ste vie, vlast protiv NARODOT!!!

11

Анонимен

Изразот „му се случи народ“ се употребува за некој што е НА ВЛАСТ, а не во опозиција. Па уште три извичници стаил како мало дете. Да цитирам од погоре: „На Бранко му се случи народ !!!“. Груевски очигледно не е свесен дека е на власт. Ова е единствена земја во светот, каде власта организира протести против опозицијата. Тоа го нема ни во Северна Кореја.

11

Aleksandar Makedonski

Komplimenti

11

Анонименmk

E diktatoru Grujo ti se blizi krajot.Go podeli narodot zo koe ke bides vinoven samo ti so tvojata populisticka lazliva politika na kvazi patriot,Ova e zalno za makedonskiot narod.Istorijata se povtoruva.

11

Анонимен

mu se sluci politiski pritisok od strana na vmro dpmne, narodot sto izleze protiv opozicijata e ucenuvan i pritisnat ot strana na grujo, a se sluci i sramno vrakanje na avtobusi vo koj bea protivnicite na vlasta, ete toa se sluci gospodine premiere

11

Jas os Stip

Trgnete go ovoj fasist od vasite vesti

11

Анонимен

хахахаха, ако беше така, зошто не ги пуштаа автобусите и зошто секој автобус беше стопиран и проверуван каде оди, Грујо изгледа не е свесен дека на него ке му се случи НАРОД со ваква политика

11

Анонимен

Koj narod mu se sprotivstavi na Branko? Onoj sto go izvlece Gruevski od rabota, so partiski spisoci? Kolku clenovi na VMRO denes bea pred Sobranie namesto na rabota??

11

murto

Tie sto bea od drugata strana za tebe ne se narod?Za koj narod zboruvas?Ima li bre vo ovaa drzava normalni luge ili site sme se poremetile totalno.

11

Анонимен

TRGNI MI SE OD PRED OCI LICEMERU!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! POLA MILION NAROD ZA TEBE NE E LEGITIMEN NELI???

11
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.