Обраќање на премиерот Никола Груевски

24.12.2012 | 20:02
Прочитано: 97719

Македонија денес имаше тежок, но и важен ден. Денес бевме сведоци на првиот неуспешен насилен обид за рушење на демократските институции и легитимно избраната власт на слободни и фер избори пред само година и половина.

Приказната за Буџетот беше само параван на Бранко Црвенковски кој ја започна неговата последна лична битка за преживување во политиката, истакна  премиерот Никола Груевски во вечерашното обраќање до нацијата.

Тој рече дека пратеничката група на СДСМ откако во претходните неколку дена најмалку десет пати го прекршила Деловникот на Парламентот денеска физички и со употреба на сила се обидела да го делегитимира Парламентот и откако во тоа не успеала направила обид за влез во Собранието со употреба на насилство.

- Сепак спротивставени на агресијата на овој транзиционен манипулант не само што беа подготвени да застанат илјадници граѓани, застанаа и професионално се однесуваа државните безбедносни сили кои коректно, професионално, одговорно и успешно ја завршија својата работа и овозможија Парламентот да продолжи со работа согласно Уставот и законите, рече Груевски. 

Тој изрази жалење поради, како што рече, непријатноста со новинарите кои беа во салата на Парламентот.

- Денеска Бранко Црвенковски сакаше со околу свои три илјади приврзаници на сила да освои власт. На Бранко Црвенковски денеска му се спротивстави народот поделени во две групи имаше најмалку трипати повеќе граѓани кои излегоа да му се спротивстават. На Бранко му се случи народ !!!, истакна Груевски.

Најави дека ќе продолжи да работи на она за кое дал збор пред народот и оти економските политики ќе останат насочени кон создавање услови за отворање на нови работни места.

- Јас не сум човек кој лесно дава збор, но кога ќе го дадам стојам зад него и се борам до последниот атом да го исполнам. Со оглед дека Бранко Црвенковски најави продолжување со неговото погубно сценарио, сакам да потенцирам дека сме подготвени за сите можно сценарија со цел заштита на интересите на граѓаните и заштита на уставот и законите.

Сум издражл многу, сум поминал се и сешто во мојот живот. Впрочем се сеќавате, Панорама не беше така далеку, а исто така и притисоците за промена на името не се случуваа одамна. Но и во двата случаја опстпјав заради една работа: Народот беше со мене, потенцира Груевски во вечерашното обраќање до нацијата. 


Коментари (46)

Анонимен

Gruevski = Bashar-al Assad

11

Анонимен

Bravo za Gruevski Makedonka Vo Kanadawd

11

Maca

Sedi tamu GLUPACO od Kanada!!

11

Анонимен

Абе не какви дроги си ти човече????!

11

Анонимен

Народ денес му се случи само на Никола. Денеска тој и нареди на полицијата да го тепа сопствениот народ . Народот кој го лаже , го угнетува , го осиромашува . Народот денес му кажа Не на Никола Груевски и неговите лешинарски кучиња од владата . Е Николче Николче воопшто нека не те плаши пораз на избори , плаши се од казната од народот што ќе те стигне !

11

Анонимен

kako ne mu esram ne po branko tuku po narodot plukaf

11
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.