ОБСЕ/ОДИХР со 300 набљудувачи за локалните избори

13.09.2017 | 17:42
Прочитано: 482

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР го започна процесот на набљудување на локланите избори. Со 16 експерти, 20 долгорочни и 300 краткорочни набљудувачи ќе се следи известувањето на медиумите, финансирањето на кампањите и работата на државната администрација. Од Мисијата велат, нивна целта е да се оцени усогласеноста на изборите со заложбите на ОБСЕ и меѓународните стандарди за фер и деморкатски избори.

„Непосредно пред изборите ќе ни се придужат и уште 300 краткорочни набљудувачи кои ќе бидат брифирани о Скопје и распоредени штиум земјата за да ги посетуваат избирачките места на самиот ден на изборите и да го набљудуваат гласањето. Тука сме да ги набљудуваме изборите.“ - вели Одри Гловер – Шеф на мисијат ана ОБСЕ/ОДИХР.

Најавени се средби со претставници на власта, политичките партии, со кандидатите за градоначалници, со претставници на граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница. На денот на изборите набљудувачите ќе го следат отворањето на глчасачките места, гласањето и сумирањето на резултатите.

„Особено внимание ќе обрнеме на процесот на регистрација на гласачите и кандидатите и финансирање на кампањите.“ -изјави Гловер.

Мисијата ќе објави еден периодичен извештај во текот на својата работа, на денот на изборите, ќе биде дадена изјава за првичните наоди и заклучоци, додека конечниот извештај за набљудувањето ќе биде објавен околу осум недели по завршувањето на изборниот процес.


Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.