Оценки на експертите – за што ќе се трошат парите од еврообврзницата

12.01.2018 | 17:19
Прочитано: 1791

Издавањето на еврообврзницата, според економистите беше најавено и очекувано. Ниската камата се оценува како успех, но сепак се поставувата неколку прашања за начинот на кој ќе се трошат парите. Со заемот од половина милијарда евра јасно е дека Владата обезбеди буџетска логистика за ликвидност. 

„Ова е предзнак дека можеби на Македонија финансиската година 2017 и нанесе штета  на економски план и планираните приходи можат  да бидат не толку добри колку што се планираа при носење на буџетот. За прв пат слушаме дека за задолжувањето  со еврообврзница имало повеќе  пласман и заинтересираност  од колку што сме имале потреба. Тоа позитивно е гледано како земја и како меѓународната заедница ја перцепира промената   во земјата“, вели Фатмир Битиќ - економски аналитичар

Новата еврообврзница е шеста по ред што ја издава Македонија, а втора со потпис на министер во влада предводена од СДСМ. Четири евроообврзници издаде Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ .

„Главната работа освен што беше поентирано дека има исклучиво ниска каматна стапка односно принос  е намената на задолжувањето односно за кои намени ова задолжување ќе биде наменето Претставено беше дека поголем дел е за враќање на стари долгови, меѓутоа за другиот дел јавноста треба да се запознае за  што ќе се трошат“, вели Никола Поповски - универзитетски професор

Од Институот за економски прашања и политики, каматната стапка на еврообврзницата ја оценуваат поволна, а предвремената отплата на дел од старата еврообврзница како коректен потег. Забележувата на отсуство на јавна дебата и посочуваат дека граѓаните мораа да знаат за што ќе се потроши секое евро од заемот.

Јавниот долг на Македонија заклучно со септември 2017 та изнесува 4,6 милијарди евра или 45,8 проценти од БДП. Задолжувањата засилија изминатите години, и во странство и на домашниот пазар.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.