Од каде се крати, а за што ќе има повеќе пари во здравството?

14.11.2017 | 19:06
Прочитано: 1929

Буџетот на министерството за здравство за следната година изнесува близу 107 милиони евра. Тоа значи дека ресорот здравство добива 41 милиони евра повеќе од годинава, кога буџетот беше скратен со ребалнсот. 

Буџет 2018 година 107,0 милиони евра

Буџет 2017 година 65, 8 милиони евра

Разлика 41 милиони евра

Сума од 20,3 милиони евра е предвидена за изградба на Клинички центар во Скопје и Штип. Но од Министерството за здравство појаснуваат дека оваа сума е предвидена само за клиничкиот центар во Штип, додека пак за Скопје се уште се прави ревизијата на потпишаниот договор.

„Во врска со предвидените средства од Буџетот, појаснуваме дека станува збор за средства наменети за изградбата на Клиниќка болница Штип, додека за Проектот нов комплекс клиники во тек е ревизија на договорот со цел да изградиме Клинички центар, според врвни светски стандарди.“ - велат од министерството.

Идејата за новиот Клинички центар во Скопје, беше на претходната Влада, кога тогашниот министер за здравство, Никола Тодоров на крајот на својот мандат дури потпиша и договор, но актулената го стопираше со образложение дека локацијата не одговара и се најави ревизја, која велат сеуште трае, но нема одговор каде ќе биде новата локација и кога ќе почне да се гради.

Во буџетот за следната година има минимална сума од осум илјади евра за здравствена картичка. Токму проектот за електронска здравствена картичка за која граѓаните плаќаа од свој џеб, а дел од нив никогаш не добија електронски здравстени картички се покажа како неуспешен, а фирмата која ги правеше картичките се повлече од земјава. Сега од министерството за здравство веалт дека ќе се бара привремено решение, се додека не биде донесено трајното со кое граѓаните ќе имаат електронска лична карта.

„Се очекува ова прашање да се реши до крајот на 2017 година. А трајното решние е воведување на електронска лична карта.“ - велат од министерството.

Министерството се уште плаќа пари за изградбата на ПЕТ Центарот за што е издвоена сума од 872 илјади евра. За руралните амбуланти има предвидена сума од 50 илјади евра, а за реконструкција на болницата во Кичево превидени се 1,1 милиони евра.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.