Одложени оставки на министрите на СДСМ?

20.01.2016 | 19:54
Прочитано: 6202
Министрите на СДСМ во преодната влада на Емил Димитриев, да депонираат одложени оставки кои што ќе важат од 24 февруари, ова е неофицијално според партиски извори предлогот за којшто дискутира централниот одбор на СДСМ на Бихаќка. Неофицијално има предлог и пратениците да останат во Собранието до овој датум.  
 
Со предлогот за одложени оставки е и барањето за одлагање на датумот на изборите. Пред членовите на ЦО е и одлуката за бојкот на изборите на 24 април, којашто се очекува да добие поддршка.
 
Според партиски извори досега пред сопартијците се обратил лидерот на СДСМ Зоран Заев, како и шефот на изборниот штаб на партијата Дамјан Манчевски. За предлозите на раководството на СДСМ подоцна се очекува и дебата.
 
Портпаролот на партијата Петре Шилегов во гостувањето во дневникот на 24 Вести, порача дека сите активности на СДСМ се во насока да се обезбедат кредибилни избори. 

Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.