Одлуки на Апелација: Нема притвор, останува мерката одземање патна исправа

17.07.2017 | 17:42
Прочитано: 5444
Убеден сум во својата невиност и немам намера да бегам, изјави денеска пред Апелациониот суд поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за кого СЈО бара притвор како обвинет во предметот „Тврдина-Таргет“. Наместо притвор, Кривичниот совет му го одзеде пасошот на Мијалков што според него е неоправдано. 
 
„Совесно се јавував на секој повик во СЈО. На последниот повик се вратив порано од пат што е доволен аргумент дека нема да ја напуштам државата поради тоа што сум убеден во својата невиност. Давам мој личен збор под целосна материјална и кривична одговорност дека редовно ќе се јавувам во судот. Ова е само еден обид за манипулација на СЈО. Јас верувам во објективноста и професионалност на овој суд и верувам дека ќе донесе правилна одлука“, рече Мијалков пред судот.
 
За Шврговски, адвокатна Мијалков, предметотот е политичка пресметка, бидјејќи во историјата на македонското судство за обвинителен предлог не било побарано притвор, мсета тој. Според СЈО пак постои опасност од бегство и тие и понатаму бараат притвор за Мијалков.
 
„Постапувајќи како обвинители, секогаш се бара мерка притвор кога постојат околности за определување на таква мерка без оглед  на тоа за какво кривично дело станува збор и колкава е запретената казна. Во конкретниот случај постапуваме по доказите, тоа е нашето постапување од првиот ден и не станува збор за политички прогон.“ - изјави Ленче Ристоска, јавен обвинител во СЈО.
 
СЈО најдолго ги презентираше сомневањата зошто поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујевски треба да оди во притвор. Тој и денеска не се појави во Апелациониот суд поради боледување - висок притисок, анксиозноат и депресија. Но токму избегнувањето на кривичната постапка е доволен аргумент тој да оди во притвор. Дополнително постои опасност од бегство, но и од влијание врз сведоците бидејќи кај Грујевски дома пронајден е тефтер со имиња на сведоци, кога тие оделе на распит во СЈО и насоки како треба да одговараат но и податоци за движењето на обвинителите што е недозволиво, истакна обвинителот Трајче Пеливанов. 
 
Покрај Мијалков и Грујевски, во предметот „Тврдина-Таргет“ обвинет е и Тони Јакимовски поранешен функционер во УБК. И за него СЈО бара притвор, но тој остана без пасошот. Пред апелационите судии изјави дека се чувствува невин и нема намера да бега бидејќи редовно се јавувал на повиците на СЈО. Не можел да влијае на сведоци бидејќи повеќе од три години не работи во УБК и не остварува никакви контакти со вработените. Јакимовски е генерален Директор на меѓународниот центар СЕЛЕК со седиште во Букурешт Романија, што според СЈО е дополнителен аргумент на опасноста од бегство. 
 
Денеска во Апелација беше разгледувана и жалбата на СЈО поради неопределувањето на никакви мерки за Ејуп Алими, координаротот на пратеничката група на ДУИ. За него се бара притвор, бидејќи влијаел врз сведоците кои биле заплашувани од него и од неговата мож како функционер на ДУИ. 
 
„Не само што постојат околности кои укажуваат дека обвинетиот и тој што беше до него можат да влијаат врз сведоците во текот на постапката. Постои и страв кај тие сведоци за нивната безбедност и нивните семејства. како застапник на овој предмет, морав да цитирам и делови од исказите на тие сведоци за да повисокиот суд биде убеден дека постојат околности кои ја оправдуваат оваа мерка.“ - изјави Фатиме Фетаи, јавен обвинител во СЈО. 
 
Одлуките за овие жалби ќе бидат соопштение во следните денови а денеска Апелација ги објави одлуките за жалбите на СЈО за повеќе предмети за кои јавни седници се одржаа минатата недела. Апелација ги потврди одлуките на Кривичниот суд и наместо преиначување на одлуките без пасоши остануваат поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и Љупчо Георгиевски обвинети во „Траекторија“, без пасош останува и новинарот Драган Павловиќ Латас обинет за даночно затајување, неговите браќа обвинети во „Тревник“ и обвинетиот во „Трезор“ Небојша Стајковиќ.  

Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.