Офицер на НАТО: Ја бомбардиравме Југославија без причина

18.10.2012 | 12:48
Прочитано: 3014
Фрапантно признание на норвешкиот новинар и поранешен портпарол на мировните сили на НАТО на Косово Кристијан Карс кој вели дека  Југославија била бомбардирана без доволно причини. Поради чувство на одговорност, тој  го покренал блогот наречен: „Србија, извини“.
 
„Влеговме во војна со Југославија без доволно причини. Југославија имаше избор: окупација на територијата или бомбардирање. Ниту една земја на светот не би реагирала различно од Југославија во 1999-та година“,  вели Карс.
 
Откако Карс ја започнал неговата служба, во базата на КФОР пристигнал повик: 
 
„Албанците фрлиле бомба врз цивилен автобус на Ниш експрес, во близина на Подуево. Билансот е 12 мртви. На местото на масакрот стигнав час и половина по експлозијата. Се уште се чуствуваше тој мирис, на делови од тело насекаде облиени во крв. Тој ден стана најважниот во мојот живот. Почнав да чуствувам некој вид колективна одговорност поради тоа што и се случи на Југославија во 1999 година“, вели Карс.
 
За „трендот“ кој во Западна Европа трае веќе две децении, а во кој Србите се означуваат како одговорни за се што се случувало на Косово, Карс вели дека не е добар и напоменува дека секоја завојувана страна има свои виновници. Според неговите зборови, војниците на КФОР на Косово пристигнаа со потполно погрешна слика за Србите. Тој став го промениле за неколку недели.

Коментари (1)

Cvetanka

ajde sega osteta za Srbija i okolnite drzavi za teskata radijacija i 100% zgolemeni slucai na zaboleni od rak poslednive 10 godini

11
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.