Опаѓа интересот кај младите за изучување на македонскиот јазик

18.06.2017 | 17:25
Прочитано: 6118
Македонскиот јазик заслужува поголема афирмација и промоција низ светот велат македонистите. Токму тој  е богатството и имовината на народот и најсилното оружје со кои можат да се победат сите премрежја. Во тој фокус е насочен и јубилејниот 50 ти семинар за македонски јазик, литература и култура кој стартуваше денеска токму во колевката на писменоста и културата, во древниот Охрид.
 
„Со овој семинар, се потенцира важноста на македонистиката и со тоа заедно одат и јазикот, културата, историја, се она што ја одбележува нашата земја“ - вели Никола Јанкуловски, ректорот на УКИМ.
 
„Ништо нема да јка уништи Македонија, народ што преживеал толку низ историјата. Верувам во убава иднина на Македониа, тоа е оружје што не стрела, а го погодува секој во срцето.“ - вели Ала Шишкин професор по македонски јазик на универзитетот „Ломоносов" Москва.
 
Но, за жал се помал е интересот, македонскиот јазик да се изучува надвор од границите на земјата, од причина што со него младите не можат никаде да најдат работа,а најмногу од таа причина изучуваат странски јазик. Затоа мора итно да се излезе од таа изолација - вели Иво Доровски професор на Универзитетот во Брно.
 
„Треба да се одржува се што придонесува за развитокот на јазикот, државата, меѓусебните односи со сите словенски држави само така ќе успеме да продреме во сите тие меѓунардони институции“ - вели Доровски.
 
Токму семинарот кој е во организација на УКИМ има за цел да го промовира и афирмира македонскиот јазик низ целиот свет. На истиот досега учествувале над 4000 учесници од над 50 земји меѓу кои најпознати професори по македонски јазик, балканисти слависти, преведувачи и студенти. Започнал скромно, а до денес непрекинато се развива и претвора во афирмирана наставна и научна културна институција, ценет славистички центар единствен од ваков вид во Македонија.

Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.