Орце Камчев го продаде делот во МПМ, пред најавениот штрајк

16.02.2017 | 19:53
Прочитано: 25314
Големи сопственички промени во „Медиа принт Македонија“ – фирмата која ги поседува трите весници – „Утрински“, „Дневник“ и „Вест“.
 
Бизнесменот Јордан Камчев со фирма „Орка холдинг“ и Јана Станисаљева со фирмата „Интернет Инвестмент Груп“ излегоа од сопствеништво на компанија „Графички центар“ која пак го поседува „МПМ“. Овие документи покажуваат дека сега сопственик на „Графички ценатр“ е „Издаваштво Телеграф“. 
 
На „Телеграф“ пак сопственик е „Медиа принт Макеоднија“. Ваквата зделка „Орка холдинг“ ја склучи уште пред два месеца, но дури доцна попладнево од компанијата на Камчев потврдија на веќе објавените информации дека е продадена печатницата заедно со весниците на МПМ. Јануарската плата ќе биде исплатена, но во соопштението не наведуваат кога.
 
„Сите обврски кои компанијата ги имаше кон вработените заклучно со 31.12.2016 година се подмирени. Во наредните денови ќе се подмират и обврските кон платите за месец јануари 2017 година“, се наведува во соопштението на „Орка холдинг“ испретено доцна попладнево.
 
Меѓу вработените во весниците е тензично и различни се мислењата за тоа што ќе донесат овие промени. Во меѓувреме, овие случувања следат кога од утре се активира штрајкот, зад кој застана Синдикатот на новинарите и медиумските работници. 
 
„Штрајкот е уставно загаранитрано право на работниците преку кои тие ги остваруваат своите права од Законот за работни односи. Во случај правото на личен доход и хонорар кој што не е исполнето. Во овој период за жал можам да константирам дека не само што немаше обид за медијација и за помирување, туку нашите синдикални претставници беа изложени на директен и на индиректен, вербален притисок.“ - изјави Тамара Чаусидис, претседател на ССНМ.
 
Вработитете сега си ја бараат јануарската плата која вчера требаше да биде исплатена. Во трите весниците коишто ја донесоа одлуката за штрајк, вработени се околу 120 новинари, заедно со техничкиот персонал.
 

Игор Стефановски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.