Орешарски нов премиер на Бугарија

29.05.2013 | 16:05
Прочитано: 477
Пламен Орешарски е новиот премиер на Бугарија. 
 
По двенеделни жестоки расправии во бугарското Собрание, денеска конечно, со 120 гласа „за“ и 97 „против“, Орешарски е избран за претседател на бугарската Влада. 
 
Еден пратеник од политичката партија на поренешниот премиер Бојко Борисов гласал „за“, но потоа изјавил дека станува збор за грешка. 
 
Исто така Собранието го изгласа и Министерскиот совет на Бугарија. Веќе се избрани 17 министри, а познато е и дека министер за надворешни работи е Кристијан Винегин, кој е познат по изјавате дека е против грчкото вето за Македонија.  
 
На парламентарините избори кои што се одржаа во мај годинава, победи ГЕРБ, партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов, но по долги препирања, не успеа да формира Влада. 
 
Токму затоа, бугарскиот претседател Росен Плевнелиев му го предаде мандатот за технократска влада на Орешарски, кој беше независен кандидат.  
 
Во полза на Орешарски гласаа социјалистите и партијата во која доминира турското малцинство.

Ивана Терзиевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.