Организацијата на работодавачи бара раст на минималната плата

20.03.2017 | 18:55
Прочитано: 4028

Растот на минималната плата е клучен за задржување на работниците, велат од организацијата на работодавачи. Посочуваат дека засега немаат проценки колкаво треба да биде зголемувањето на минималната плата, но велат дека не треба да биде на штета ниту на работодавачите ниту на работниците.  

Според актуелниот министер за труд и социјална работа растот на минималната плата треба да се договори на ниво на економско-социјалниот совет, во кој членуваат работодавачите, синдикатот и владата.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.