Орландо Блум најде замена за Кејти Пери

19.04.2017 | 09:49
Прочитано: 3311

Веста за раскинувањето на врската меѓу Орландо Блум и Кејти Пери ја изненади целата јавност, но само неколку дена подоцна, се чини, дека актерот веќе нашол утеха во друга.

Имено, во последно време, актерот се поинтензивно се дружи со ѕвездата на „Дневникот на вампирите“, Нина Добрев.

„Се познават веќе некое време и се повеќе од пријатели, но засега се е одлично“, вели неименуван пријател на двојката за списанието „Пипл".

Сепак, иако двајцата присуствуваа на музичкиот фестивал Коачела, тие таму не дојдоа заедно.

Актерот познат по улогите во „Пиратите од Карибите“ и „Господар на прстените“, беше во придружба на непозната пријателка, додека пак Нина дојде со свое друштво.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.