Османи: Широк општествен консензус за реформите од планот 3-6-9

24.11.2017 | 14:30
Прочитано: 820

Со локалните избори и со позитивниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР, го крунисавме поглавјето „3“ од планот „3-6-9“ и сега почнуваме ново поглавје кое е особено важно, порача  вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи на брифинг со новинарите.

Според Османи првиот дел од планот е исполнет со  над 80 отсто од предвидените мерки и активности.

До крајот на декември треба да се донесат законите за деполитизација и за професионализација на администрацијата,  стратегијата за реформи на правосудството, да се отстранат можностите за злоупотреба на системот за прислушување, а треба да се донесе и цел пакет закони поврзани со безбедносните служби, кои  кон средината на декември ќе се најдат на владина седница.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.