Остри реакции по нападот на новинарот од Телма

21.12.2016 | 11:55
Прочитано: 2691
Остри реакции стигнаа од новинарските здруженија по синоќешниот напад на новинарот на Телма Павле Беловски при извршување на професионалните задачи.
 
Новинарите реагираат дека нападот на професијата значи напад врз слободното изразување на говорот. Тие потсетуваат дека за три години се случиле 35 напади на новинари, а ниту еден не е расветлен. Во вчерашниот напад препознаваат структури кои праќаат порака да не се критикува власта. 
 
Во Македонија нема слобода на изразување бидејќи тоа носи последици за новинарите, велат од Советот на етика. Мирче Адамчевски смета дека насилството врз новинарите нема да запре бидејќи надлежните институции не ги расветлуваат случаите.
 
Новинарот Беловски вели не го нападнале како личност, туку како репортер од одредена медиумска куќа.
 
Критики за нападот стигнаа и од политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Либерална Партија. Повикаа новинарите и медиумите да бидат оставени слободно да си ја вршат работата. Осуда стигнаа и од агенцијата за аудио и визуелни медиумски услуги. Оттаму апелираат новинарите и преставниците на медиумите да не бидат попречувани во извршувањето на професионалните задачи, бидејќи како што велат таа е исклучителна во овие општествени мигови.
 

This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union. 


Христина Новевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.