Осуммина загинати при пожар во зграда во Португалија

14.01.2018 | 11:02
Прочитано: 907

Најмалку осум лица загинаа, а околу 50 други се повредени, при пожар што избувна минатата ноќ во двокатана зграда во градот Виља Нова да Раиња во северниот дел на Португалија.

Португалската Агенција за цивилна заштита соопшти дека пожарот во зградата, во која се се наоѓа седиштето на здружение на локалните жители, бил предизвикан од експлозија на шпорет. 

Во време на инцидентот, во зградата се наоѓале над 60 луѓе, кои присуствувале на аматерски турнир во играње карти.

По избувнувањето на пожарот, објектот се ислонил со густ црн чад, поради што луѓето во паника се упатиле кон излезот на зградата, при што се создало човечко стампедо, при што настанеле и најголемиот дел од повредите.

Во гаснењето на пожарот учествувале десетина противпожарни возила и два хеликоптери.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.