Осумнаесет филмови во конкуренција за Златната палма на 70-от Кански фестивал

14.04.2017 | 12:43
Прочитано: 2154
На 70-то издание на еден од најпознатите и најголеми филмски фестивал во светот - Канскиот, во официјална конкуренција за наградата Златна палма ќе се натпреваруваат 18 филмови.
 
Меѓу филмовите во официјалната конкуренција се „Среќен крај“ на австрискиот режисер Михаел Ханеке, кој ќе се обиде по трет пат да ја добие Златната палма, што би бил прв таков случај во историјата на фестивалот.
 
Во трката за Златната палма се четири француски филма „Роден“ на Жак Дуајон, „Двоен Љубовник“ на Франсоа Озон, „Застрашувачки“ на Мишел Хазанавициус и „120 отчукувања во минута“ на Робин Кампило. 
 
За главната награда ќе се натрпеваруваат и „Пленови“ на Американката Софија Копола, „Вондерстрак“ на американскиот режисер Тод Хејнс, „Окја“ на Кореанецот Бонг Јон-ксо, „Затемнување“ на германскиот режисер со турско потекло Фатих Акин и „Нељубов“ на Русинот Андреј Звјагинцев.
 
Меѓу ѕвездите што ќе се појават на црвениот тепих на отворањето на Фестивлот се американските актери Хоакин Феникс, Колин Фарел, Џулијан Мур, Кирстен Данст и Ел Фенинг, австралиската ѕвезда Никол Кидман, британскиот глумец Роберт Патинсон и Французите Винсент Линдон, Изабел Ипер, Жан-Луј Трантињан, Луис Гарел и Адел Хаенел.
 
Француската режисерка Ањес Варда на Фестивалот ќе го претстави филмот „Лица, села“, а Рејмонд Депардон ќе го прикаже документарецот „12 дена принуидно интернирање“. Ќе бидат прикажани и филмот за Северна Кореја „Напалм“ на Клод Ланзалм и „Непријатно продолжение“ на Ал Гор, кој говори за климата, 
 
Во однос на безбедноста, тој истакна дека Фестивалот ќе се одржи во услови на вонредна состојба и дека во текот на целата манифетсација, која ќе трае од 17 до 28 мај, во сила ќе бидат зајакнати бебзедносни мерки.
 
На Фестивалот првпат ќе биде претставена и виртуелната реалност на филмот со оставрувањето „Карне и арена“ на Алехандро Гонзалес Инариту, кое ќе биде претставено како инсталација.
 
Интерсено е дека од 49 филмови што ќе бидат прикажани на Фестивалот, 12 се режирани од жени, што е досега најголема бројка на режисерки чии оставрување ќе бидат промовирани во Кан. Златната палма досега има добиено само една жена и тоа Џејн Кемпион.
 
Фестивалот ќе биде отворен со филмот на Арно Десплешин „Духот на Исмаил“. Канскиот фестивал, кој годинава го прославува 70. години, веќе предизвика контроверзии. Официјалниот постер на 70-от Кански филмски фестивал, на кој се наоѓа фотографија на Клаудија Кардинале на покрив на една зграда во Рим во 1959 година, беше критикуван од страна на интернет заедницата и феминистките, кои се незадоволни од дигиталното ретуширање на фотографијата со што актерката има послаби нозе.
 
Првпат во својата историја, со жирито на Филмскиот фестивал во Кан ќе претседава шпанскиот режисер Педро Алмодовар.
 
 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.