Откриен череп на предок на Неандерталецот

16.03.2017 | 10:48
Прочитано: 1318

Португалски научници открија череп стар 400.000 години, што највертојатно е од хуманоид посличен на Неандерталецот, отколку на Хомо Сапиенсот и кој ќе помогне да се открие како луѓето во Европа еволуирале во Плеистоценот.

Од тимот не можат со сигурност да кажат дали черепот му припаѓа на досега непознат вид, но велат дека се работи за предок на Неандерталецот.

Човекот, кој по својата  пештера го доби називот „Ароеира", се смета за најстариот фосил на хуманоид пронајден во Португалија. Во пештерата се пронајдени и секири од камен, какви што постоеле на Блискиот Исток пред 500.000 години.

Иако наликува на оној на Неандерталецот, новоткриениот череп е постар за најмалку 200.000 години. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.