Пациенти со дијабетес бараат ревизија на буџетот за лекување

06.12.2017 | 17:35
Прочитано: 494

Итна ревизија на буџетот за лекување на дијабетес и креирање на Национална стратегија и регистар - бараат пациентите со ова заболување. Барањето веќе го доставиле до Собранието. Во ситуација во која над 180 000 лица живеат со шеќерна болест, а бројката на новодијагностицирани постојано расте, од здруженијата на дијабетичари бараат државата да обезбеди повеќе средства за понови терапии, но и бесплатни помагала за децата со дијабетес.

„Во светот има инсулини кои делуваат многу подобро од веќе постоечките и тие се користат насекаде во нашето соседство и ние бараме да се воведе тој инсулин и да се воведе нова таблетарна терапија за лицата со тип 2 дијабатес која ќе помогне во подобра контрола на болеста“ - вели Наташа Деспотовска Димитриевска – Асоцијација на детски дијабет „Баланс МК“.

Дијабетичарите веќе подолг период се сомневаат во квалитетот на инсулинот. Бараат и ревидирање на законот за паралелен увоз на лекови, со кои сега најголемиот дел од инсулините се набавуваат од Турција, а единствен критериум е ефтината цена.

„Последните глукометири со кои мериме гликемија не можеме ниту ни да ги побараме на гугл, тие се со производство од земјите на истокот и немаат никакви никакви ИСО стандарди“ - вели Наташа Деспотовска Димитриевска – Асоцијација на детски дијабет „Баланс МК“.

Со новиот буџет за следната година се предвидуваат 620 милиони денари, исто како и во ланскиот. Од здруженијата стравуваат дека бројката на дијабетичари ќе продолжи да се зголемува ако не се преземат соодветни чекори.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.