Паднатото возило во Вардар било на актерката Весна Петрушевска

18.12.2017 | 20:34
Прочитано: 7321

Извлечено е возилото што попаладнево пловеше во водите на реката Варадар, потврдија од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

Командирот на Територијалната противпожарна единица Звонко Томевски изјави дека возилото е извлечено со интервенција на пет пожарникари и две пожарникарски возила.

Интервенцијата траела околу еден час.

Возилото било на актерката Весна Петрушевска, која вели дека не знае како возилото се нашло во Вардар. Кога оделана проба во МНТ, го паркирала автомобилот под мостот. Додава декае можно да се работи за обид закражба, бидејќи не верува дека автомобилот сам тргнал во Вардар и паднал во реката.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.