Пахор и Шарец ќе се соочат во вториот круг на претседателските избори во Словенија

23.10.2017 | 11:09
Прочитано: 615

Словенечкиот претседател Борут Пахор убедливо победи на претседателските избори во Словенија, но не освои доволен број гласови за победа во првиот круг, соопшти словенечката Централна изборна комисија.

Според резултатите, Пахор освоил 47,07 отсто од гласовите и во вториот круг по две недели ќе се соочи со независниот градоначалник на Камник, Марјан Шарец, кој денеска доби 24,96 проценти од гласовите.

На трето место се пласира Романа Томц од конзервативната словенечка демократска партија со 13 отсто, пред Људмила Новак од партијата Нова Словенија со 7,15 проценти од гласовите.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.