Паметните очила на ODG со AR/VR технологија претендираат да ги заменат таблетите и мобилните телефони

10.01.2017 | 15:12
Прочитано: 3755

За да развие мобилна, забавна и компјутерска апликација со можност за AR за паметните очила R-8 И R-9, ODG се здружи со 21st Century Fox кои се јавуваат како инвеститор, компанијата OTOY, и PTC кои ја обезбедуваат VUFORIA AR платформата.

Овие паметни очила го можат сето она што го можат вашиот таблет или компјутер, со дополнитен слој на AR и VR за да ја претстават дигиталната информација како значителен дел од реалниот свет.

ODG ја развива пинерската генерација на мобилна компјутерска платформа, која го прави револуционерен начинот на кој работиме, комуницираме и конзумираме содржини.

За оние кои имаат сомнеж за овој прототипот на AR/VR неодамна беше објавена демо презентација на можностите на овој производ на сајтот на компанијата.

R-8 ќе бидат достапни во втората половина на оваа година по цена од 1000 USD, а R-9 ќе бидат достапни во вториот квартал од 2017 по цена од 1800 USD.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.