Пандев промовиран за амбасадор на Суперкупот 2017

20.03.2017 | 13:12
Прочитано: 2147

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев денеска официјално беше претставен како амбасадор на УЕФА Суперкупот 2017, кој на 8 август ќе се одржи на „Телеком арената“ во Скопје. 

Фудбалскиот интернационалец искажа благодарност за укажаната доверба да биде амбасадор на меч во кој учествуваат освојувачите на двата трофеи на УЕФА и ги откри тимовите кои би сакал да ги гледа во главниот град.

„Благодарам за укажаната доверба. Ќе ми биде чест како Македонец да бидам амбасадор на овој спектакл. Ќе биде големо уживање во Скопје да ги гледаме победниците од Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Лично би сакал тоа да биде натпревар меѓу Манчестер јунајтед како победник во ЛЕ и некоја од екипите кои сега ја сочинуваат четвртфиналната двојка Барселона- Јувентус”, истакна Пандев на денешната презентација. 

 

Ивана Митровска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.