Парадата на виножитото - завршна манифестација на неделата на гордоста во Виена

18.06.2017 | 17:26
Прочитано: 4687
Легално заведено партнерство наместо брак им одобрува Австрија на хомосексуалните парови. Тие имаат право да усвојат деца, но легалното партнерство не им ги дава сите привилегии и легална заштита како брачната заедница. Оттука, луѓето од ЛГБТ заедницата овде велат дека се чувствуваат прифатено, но не и со еднаква права во општеството.
 
Сепак Виена и Австрија се сметаат за прилично либерална средина во однос на почитувањето на човековите права, вклучително и на ЛГБТ заедницата. Семафорите со истополови парови како се држат за рака се едни од обележјата на градот. Тие се воведени пред неколку години и ги има најмногу во центарот каде претставуваат атракција за туристите кои ги фотографираат за спомен. Во месецот на гордоста, односно месецот во кој се одржува Парадата, сите трамваи имаат истакнато знаменце во боите на виножито што е заштитен знак на ЛГБТ заедницата. Вакво знаме има истакнато и на сите 
позначајни објекти во Виена, како што е Универзитетот на пример. 
  
Парадата на гордоста која секоја година се одржува во јуни има за цел да ја покаже инклузивноста и почитта кон различноста. Овде луѓето не се делат според сексуална ориентација, туку како граѓани со еднакво право на љубов. Парадата на виножитото е главниот настан во неделата на гордоста која годинава е исполнета со настани од 9-ти до 18-ти јуни. Ана Шишовска која долги години живее во Виена вели дека градот е инклузивен и луѓето од ЛГБТ заедницата не само што се чувствуваат прифатени туку и не чуствуваат дискриминација при напредувањето во кариерата. Напротив, вели таа, нивниот напредок на влијателни позиции во општеството придонесува да влијаат на подигнување на свеста за граѓанските права. 
 
Робин и Китинан кои живеат во Австрија велат дека се чувствуваат прилично прифатени, но би сакале нивните права да се унапредуваат. 
 
„За младите воопшто не е битно каква е нечија сексуална определба, но постарите генерации се уште не ги прифаќаат различностите, постои конзервативно гледање на различните видови љубов. Ние се чувствуваме прифатени, но може да биде и подобро, на пример, да се дозволи склучување брак кај истополовите парови„
 
Практично на подигнување на статусот на легалното партнертво во брачна заедница се противи десничарката парија предводена од Себастијан Курц. Лево ориентираната социјалдемократска на Кристијан Керн има ветувања дека ќе работи на унапредување на статусот на хомосексуалните двојки.

Ида Протугер Вељковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.