Партиски реакции за рефендум во Велес

12.09.2017 | 17:47
Прочитано: 1199

Со референдум за непостоечка тема, ВМРО-ДПМНЕ ги лаже и манипулира граѓаните на Велес, реагираше денеска СДСМ, откако синоќа општинскиот совет донесе одлука на денот на локалните избори да се одржи и референдум за или против изградба на станови за бегалци.

Ќе се градат станови, велат од СДСМ, но не за бегалци, туку за македонски граѓани, а тоа го потврдил и градоначалникот Чадиев, кога изјавил дека никој од владата од него не побарал локација за станови.

„За да им ја избиеме лагата, ако ДПМНЕ изгласаат за одржување на референдуми, СДСМ ќе ги повика граѓаните да излезат да гласаат против, зошто такво нешто ниту се планира, ниту ќе се случи.ВМРО-ДПМНЕ да престане да ги лаже и плаши граѓаните.“ - вели Маријан Јорданов од СДСМ.

Од друга стана, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека одлуката за референдум била одговор на граѓаните на владината стртатегија за интеграција на бегалци.

„Граѓаните сакаат тие, а не Заев и СДСМ да одлучуваат во Велес да се спроведува стратегијата за вдомување на бегалци“ - вели Живе Катранџиев – ВМРО-ДПМНЕ.

Намерно или не, советникот од Турската демократска партија, Бесим Ахмедов, коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ синоќа не присуствуваше на гласањето, но денеска застана пред камерите, давајќи поддршка на референдумот. Со 12 гласови „за“ и 10 воздржани велешкиот совет одлучи да се одржи референдум за или против станови за бегалци, заедно со локалните избори. Освен Велес, референдуми на ист ден ќе има и во повеќе градови, каде градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и покрај тврдењата на сдсм дека ниту има намера да гради, ниту пак се бараат локации. Аналитичарите ова го протолкуваа како обид на опозицијата да изнесе што повеќе гласачи на избори, со непостоечка тема.


Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.