Пејачот на групата „Линкин парк“ пронајден обесен

21.07.2017 | 00:03
Прочитано: 5844

Фронтменот на бендот „Линкин парк“, Честер Бенингтон изврши самоубиство, јавува порталот TMZ. Пејачот е пронајден обесен во својот стан во Лос Анџелес околу девет часот наутро по локално време. 

Мајк Шинод, кој е исто така пејач во групата, на Твитер ја потврди веста и напиша „шокиран сум, срцето ми е скршено“.

Смртта на Честер Бенингтон се случува на годишнината од роденденот на неговиот пријател Крис Корнел од групата “Soungarden“, кој минатиот мај исто така се обеси, а денеска требаше да наполни 53 години.

Четириесет и едногодишниот Бенингтон неколку пати во текот на својот живот се бореше со зависност од дрога и алкохол.

Тој и во минатото зборуваше дека размислува да изврши самоубиство бидејќи како дете бил злоставуван од постар маж. Зад себе остави шест деца кој ги добил во два брака и една врска.

Светската слава ја стекна како член на групата „Линкин парк“ која е основана во 1996 година, а Честер се придружил на групата три години подоцна. 

По релативно успешното деби издание на албумот „Hybrid Theory“, во март 2003 година излезе албумот „Metora“.

Благодарение на хитовите Somewhere I Belong, Faint, Numb, From the Inside i Breaking the Habit , овој албум важи за еден од најпопуларните изданија на алтернативниот жанр.

Ширум светот групата има продадено повеќе од 70 милиони албуми и има добиено две Греми награди.

„Линкин парк“ на крајот овој месец требаше да ја почне светската турнеја на којашто требаше да го претстави шестиот студиски албум „One More Light“ објавен во мај.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.