Перо Антиќ повторно ќе игра за Црвена Звезда

11.09.2017 | 19:33
Прочитано: 1229

Десет години откако ја напушти Црвена Звезда , Антиќ повторно се враќа во редовите на српскиот и регионалниот шампион. Искусниот македонски кошаркар потпиша договор до крајот на сезоната, а на подготовките на Црвено-Белите треба да се приклучи во четврток, според пишувањата на српските медиуми. Неговото име долго време фигурираше како опција, а по неколку дневни преговори, договорот е постигнат.

Доаѓа од турски Фенербахче, клубот со кој минатата година ја освои титулата во Евролигата. Освен за Црвена Зведа, Антиќ има настапувано и во дресот на Работнички, АЕК, Лукоик, Локомотив Ростов, Спартак од Санкт Петербург, Олимпијакос и Атланта во НБА лигата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.