Петнаесетгодишен малолетник нападнат во автобус

26.10.2017 | 13:23
Прочитано: 1530

Петанесетгодишен малолетник , вчера во автобус во Скопје бил нападнат од страна на повеќе ученици, при што се здобил со повреди.

Како што соопшти МВР, во 19:35 часот вчера од Градската општа болница “Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив дошол 15-годишник  од село Никиштани, скопско, ученик од Средно училиште “Цветан Димов“ со повреди здобиени од физички напад, кој се случил на бул. „Партизански Одреди“ во автобус бр.22. 

„Оштетениот во автобусот бил нападнат од повеќе ученици. Од страна на лекар констатирани му се телесни повреди и е пуштен на домашно лекување“, наведуваат од МВР.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.