Пивара Скопје и Coca-cola отворија активна зона во Штип

18.07.2017 | 12:04
Прочитано: 806

Вчера во Штип беше отворена „Coca-cola активна зона“, донација од пивара Скопје и компанијата Coca-colа, со што започна вториот циклус од долгорочниот проект на активни зони ширум земјава.

Во рамките на овој проект, минатата година беа отворени пет, а годинава е предвидено отворање на уште пет рекреативно-спортски зони.

Зоните се состојат од најсовремена фитнес-опрема, 5 професионални фитнес-справи што ќе им бидат бесплатно достапни за користење на сите граѓани 24 часа. Проектот  е дел од глобалната платформа за промоција на активниот живот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.