Пловната амбуланта во Oхрид закотвена без бензин

16.07.2017 | 18:29
Прочитано: 14005

Уште една сезона Охрид ќе ја помине без амбулантниот брод.Наместо да спасува животи по езерото тој стои закотвен во каналот кај Студенчишта,додека секоја недела страда по еден давеник. Нема кој да го вози затоа што нема пари за гориво и одржување.

Пловната амбуланта требаше да патролира низ езерото не само во летниот период туку за време на целата година.Црвен крст го доби како донација од пред околу десетина години,а по многуте перипетии уште за време на претходната локална власт која одвои 600.000 днеари за опремување на бродот, тој проработи три сезони па заврши несреќно во каналот, оставен да рѓосува.

Од општината не сакаа да одговорат каква судбина ќе го очекува спасувачкото возило и зошто како власт не одвоиле средства за негова активација. 

Ниту Точков не знае дали некогаш бродот повторно ќе проработи.Според плановите пловната амбуланта требаше да го замени центарот за безбедност на вода, но и по години ниту едно од двете не функционира онака како што беше најавувано. Црвениот крст иако работи со полна пареа, не може секогаш да се справи со времето како пресуден фактор за спасување живот, она што за бродот беше примарна цел.



Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.