По пет години: Федерер го освои Вимблдон, осми пат во кариерата

16.07.2017 | 19:44
Прочитано: 3204

Швајцарецот Роџер Федерер го освои Вимблдон и влезе во историјата како најтрофеен играч на престижниот тениски турнир во Лондон.

Федерер до рекордната осма титула дојде со убедлива победа против Марин Чилиќ во финалето со 3-0 во сетови (6:3, 6:1, 6:4). Хрватот имаше повреда на стапалото, која го натера на солзи во средината на вториот сет, но одби да се предаде и херојски го одигра натпреварот до крај.

Сето тоа значително му ја олесни работата на Швајцарецот, кој во своето 11 финале на Вимблдон дојде до една од најубедливите победи и ги престигна Пит Сампрас и Вилијам Реншо, со кој го делеше рекордот со по седум титули.

Оваа година Федерер се закити со пет титули, по Австралија Опен, Индијан Велс, Мајами и Хале. Неуспешен беше само во Дубаи и Штутгард, од турнирите на кои настапуваше, а ги пропушти турнирите на земја.

По пет години повторно се искачи на тронот на Вимблдон, за 19-ти Грен слем во кариера, по ќе напредува на АТП листата до третата позиција, зад Енди Мареј и Рафа Надал, а пред Новак Ѓоковиќ и Стан Вавринка. Чилиќ остана на шестото место. 


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.