Победа за коалицијата на аргентинскиот претседател Макри

23.10.2017 | 09:46
Прочитано: 513

Коалицијата предводена од реформскиот аргентински претседател Маурусио Макри победи на делумните парламентарни избори што се одржаа вчера, и со тоа го спречи враќањето на политичката сцена на поранешната претседателка Кристина Фернандез де Кирхнер, која го предводи перонистичкото движење.

Во најважната трка во регионот Буенос Аирес, Естебан Булрич, кандидат на коалицијата Камбиемос поддржана од претседателот Макри, освои 41,3 проценти од гласовите, наспроти 37,2 проценти за Кирихнер. Камбиемос победи и во важните региони Кордоба, Санта Фе и Мендоза. Но, особено поразот на Кирхнер во Буенос Аирес означува дека обидот за нејзино враќање на политичката сцена нема да оди лесно. Нејзината Партија на правдата, која е најголема партија во перонистичкото движење, се надеваше дека ќе успее да ја искористи старата слава на династијата Перон и да ги придобие Аргентинците кон ова популистичко движење како прв чекор кон евентуално враќање на Кирхнер на претседателската функција на изборите во 2019 година.

Аргентинците вчера гласаа за половина од членовите на долниот дом на Парламентот и за една третина од Сенатот. Според аргентинскиот политички модел, половина од Парламентот се менува на секои две години.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.