Почина Адам Вест - „првиот филмски Бетмен“

10.06.2017 | 18:57
Прочитано: 2810
Американскиот глумец Адам Вест, добро познат по главната улога во првите екранизирани верзии на приказната за Бетмен емитувани во текот на 60-те години од минатиот век, почина на 89-годишна возраст, по кратка борба со леукемија.
 
Роден во 1928 година во државата Вашингтон, својата кариера ја започнал на Хаваи во 50-те години од минатиот век. Вест глумел во речиси 200 филмови и серии, а се занимавал и со позајмување на гласот за јунаците во цртаните филмови. 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.