Почина актерот Џон Херд

22.07.2017 | 18:51
Прочитано: 3162
Актерот Џон Херд почина во Калифорнија на 72 годишна возраст. Тој беше познат по улогите во филмовите во текот на осумдесетите и деведесетите години. Херд во средата имал операција и престојувал во хотел во Калифорнија, по препорака на докторите.
 
Собраката повикала итна помош кога го видела дека не реагира, по што била утврдена неговата смрт. Херд беше најпознат по улогата на таткото Питер Мекалистер во трите делови на филмот „Сам дома“, а имал и забележани улоги во „Гладијатор“, сериите „Сопранови“ и Ќпороците на Мајами“.

Причината за смртта засега не е позната.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.